Бундеслига: Херта со Магат тргна со победа, Штутгарт освои „златни“ бодови за опстанок

Искусниот Феликс Магат тргна со победа како тренер Херта во денешното коло во германската Бундеслига. Тимот од Берлин на домашен терен го совлада составот на Хофенхајм со 3-0, освојувајќи важни бодови за опстанокот.

Штарк во 39. минута донесе водство, а Белфодил во 63. минута зголеми на 2-0. Во 74. минута Тусар ги постави конечните 3-0.

Штутгарт со пресврт во вториот дел успеа да го совлада Аугзбург, и да освои важни бодови за опстанок. Гостите имаа водство од 1-2, но Мармуш во 79. минута донесе 2-2, за Тиаго во 85. минута донесе пресврт и победа.

Единствен гостински тим кој успеа да остане непоразен денеска е Фрајбург, кој одигра без голови кај Гројтер Фурт, а Мајнц со 4-0 го совлада тимот на Арминија.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...