Бундеслига: Коронавирус во Мајнц, одложен дуелот со Дортмунд

Коронавирусот направи проблеми и е причина за одложување на неделното соочување меѓу Мајнц 05 и Борусија Дортмунд. Дури деветнаесет позитивни случаи беа пријавени од страна на домашната екипа на оваа средба.

Од таборот на Мајнц најавуваат можно одложување и на следното гостување кај Аугсбург. Засега нема официјално барање до Германскиот фудбалски сојуз за овој натпревар.

Тренерот Бо Свенсон, сите тројца голмани и вкупно тринаесет играчи се заразени со Kовид-19. Натпреварот е презакажан за 16 март во терминот од 18.30 часот.

Се вчитува...