БУНДЕСЛИГА: „Петарда“ на фармацевтите, Борусија Д. на „мускули“, Унион го шокираше „Менш“ (ВИДЕО)

Пет натпревари се одиграа денеска во германската Бундеслига, а имаше неколку интересни резултати.

Најубедлива победа постигна Баер Леверкузен кој со 5-1 го совлада тимот на Аугзбург. Белараби донесе водство од 1-0, а потоа Диаби донесе и 2-0. Мајер намали на 2-1, меѓутоа два брзи на Диаби донесоа предност за „фармацевтите“ од 4-1. Аларио постигна гол за 5-1.

Борусија Дортмунд тешко дојде до победа над Хофенхајм на гостински терен. „Милионерите“ брзо поведоа со голот на Халанд, а Крамариќ израмни за Хофенхајм. Ројс во вториот дел донесе предност од 1-2, а потоа и автогол за 1-3. Домашниот тим преку Рутер успеа да дојде до 2-3 и неизвесна завршница.

Другата Борусија, онаа од Менхенгладбах на домашен терен беше изненадена од Унион Берлин. Два гола на Крузе за голема победа од 1-2. Коне го постигна единствениот гол за Борусија.

Гројтер Фурт успеа да оствари победа над Мајнц 2-0, додека Фрајбург лесно го совлада Штутгарт со 2-0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...