БУНДЕСЛИГА: Продолжува одличната форма на Лајпциг и Волфсбург

Екипата на Лајпциг се искачи на второто место на табелата во Бундеслигата и му се доближи на Баерн Минхен на три бода, по денешната победа над Вердер во Бремен. Победата ја донесоа головите на Андре Силва и Шлагер, а Грос во 57. минута успеа да израмни за Вердер, но недоволно да се дојде до бод.

Лајпциг со тоа стигна до четвртата победа по ред, и повторно е во игра за титулата, по слабиот старт на сезоната и тренерската смена откако беше донесен Марко Розе.

Волфсбург после победата над Борусија Дортмунд, денеска на гости го совлада Хофенхајм. „Волците“ дојдоа до победата со пресврт, откако Баумгартнер донесе водство за Хофенхајм. Автоголот на Кабак донесе израмнување, а Баку во 56. минута даде втор гол за Волфсбург за пресврт и победа.

Херта со 2-0 ја совлада екипата на Келн со головите на Канга и Рихтер, а Баер Леверкузен со головите на Диаби и на Тах стигна до триумф над Штутгарт.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...