БУНДЕСЛИГА: Унион Берлин го освои Бремен, нов триумф за Баер Леверкузен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Унион Берлин стигнаа до голема победа на гостувањето кај Вердер Бремен од 1-2 во натпревар од 17. коло во германската Бундеслига. Домаќините уште во 13. минута стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Пипер. До крајот на првиот дел гостите израмнија на 1-1 преку Хаберер во 18. минута. Конечните 1-2 ги постави Бехренс во 46. минута.

Баер Леверкузен запиша нова победа во домашниот шампионат откако славеше на домашен терен против Бохум со 2-0. Стрелци на погодоците за „фармацевтите“ беа Табсоба и Хложек. Во останатите два меча од вечерашната понуда: Фрајбург – Ајнтрахт Фракфурт 1-1 и Аугзбург – Борусија Менхенгладбах 1-0.

Werder Bremen 1-[2] Union Berlin – Kevin Behrens 46′ from soccer

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...