„Бурлеската“ наречена македонско пливање – Сите сакаат на ЛОИ, а националните рекорди ни се на ниво на 1972 година

Пливањето во Македонија долги години наназад е една голема „бурлеска“ во која не се знае ниту кој пие, ниту кој плаќа. Потврдата за местото на кое се наоѓа нашето пливање дојде од Меѓународната пливачка федерација која ги објави нормите за настап на следните Летни олимписки игри кои во 2024 година ќе се одржуваат во Париз.

Најинтересно е тоа што овие времиња кои за секој кој професионално се занимава со пливањето треба да бидат чиста рутина за остварување, за нашите пливачи не само што се недостижни, туку се и мисловна именка.

Ако за пример ја земеме најкратката делница во пливањето и таа во која разликите треба да бидат најмали (50 метри слободно) во машка категорија ќе видиме неверојатна разлика. Имено А-нормата за настап во Париз изнесува 21.96 секунди, додека Б-нормата е 22.07 секунди. Како за споредба државниот рекорд на Македонија на оваа делница кој е во сопственост на Марко Блажевски изнесува 23.70 секунди.

Интересна споредба може да се направи и на двојно подолгата делница (100 метри слободно). Нормите за ЛОИ се 48.34 и 48.58 секунди. Легендарниот Марк Шпиц до златниот медал на игрите во 1972 година стигна со време од 51.22 секунди, а македонскиот рекорд на оваа делница е 51.75 секунди на Александар Маленко.

Неверојатна разлика во времињата има буквално во секоја дисциплина. Да биде уште потрагично секоја година слушаме препукувања за тоа која федерација каде и од кого е признаена која има право да одлучува кој ќе не претставува и останати дневно-политички „берберница“ муабети од луѓе кои апсолутно немаат ниту секунда допринесоно за подобрување на квалитетот на пливањето во Македонија.

Ќе дојдат игрите во Париз и повторно ќе има препукувања за тоа кој заслужува да оди на ЛОИ нешто што беше случај и минатата година во Токио.

Пливачот Давор Петровски жестоко реагираше на изборот на МОК за последната олимписка вајлд-карта, која според Петровски требала да му припадне нему.

Нема потреба од почитуван/и кога тие самите не почитуваат ништо.Ова што го направија со овие ОИ во Токио е невиден срам и хаос, а бога ми и се уште си тераат.

Јас Давор Петровски сум се уште патникот за овие ОИ. Немам добиено никаков емаил или пак информиран дека сум ОТПОВИКАН од овие два документи и од ОИ во Токио а бога ми ни мојата Федерација.Гледам дека не сум само јас што се здобил со ваков проблем,каде што е вложен огромен труд, нервози,жртувања…кои ми ги уништивте ВИЕ…
Лично ЈАС како спортист се обраќам до двајцата надлежни за ова Даниел Димески и Сашко Поповски ( каде што два дена по ред не одговараат на мојот родител-татко, кој на нај пријателски и ферски начин им поставува прашања за овој проблем…) да ми одговорите на 2 прашања:

1. Дали од после 05.06.2021 сум бил некогаш и некаде отповикан и

2.Зошто по ваше барање да ви се достави последна одлука од ФИНА , на која сум Јас и Еминова Блажевска Миа одобрена од нивна страна, не го испочитувавте тоа а си одлучивте вие самите

Овие документи од вчера беа преведени и испратени во ФИНА,ИОК и до Арбитражниот Суд каде што ќе бидат донесени санкции
Спортски поздрав!!!

Како по навика веднаш Македонскиот олимписки комитет излезе со одговор на нападот на Петровски со соопштение во кое му одговорија зошто не е тој на игрите туку Филип Деркоски.

Давор Петровски,

Веруваме дека си добар спортист и иден пливач кој сигурно ќе даде се од себе да оствари одличен резултат во пресрет на Олимписките игри ПАРИЗ 2024 година и дека со “А“ квалификационо време ќе го обезбедиш своето учество на следните Олимписки игри во Париз.

Сега, после официјалната Одлука на ФИНА, која е исклучиво надлежна за доделување на Универзално место за учество на спортисти без А или без Б квалификационо време за учество на ОИ ТОКИО 2020, ти преостанува да му честиташ на Филип Дерковски Filip Derkoski кој има 732 ФИНА бодови, според официјалната ФИНА табела за 2021 година, а на која го нема твоето име, бидејќи ти имаш резултат кој ти носи 697 ФИНА бодови, кој е послаб резултат од оној на Филип Дерковски!

Веруваме во твој фер и коректен однос кон твојот другар спортист и веруваме дека заради лош менаџмент на информации доведен си во целосна заблуда за реалната ситуација која е заклучена со конечна Одлука од страна на ФИНА!

Оваа информација е официјално објаснета и на веб страната на МОК www.mok.org.mk под наслов: “СООПШТЕНИЕ ОДЛУКА НА ФИНА ЗА УНИВЕРЗАЛНО МЕСТО ЗА ФИЛИП ДЕРКОВСКИ”

Без сомнение, истово ќе се случува и во 2024 година. И, кој заслужува да оди на 19-дневна екскурзија во Париз. Па ако бидеме реални и искрени апсолутно НИКОЈ!

И додека во светот големата шампионка Кејти Ледецки жртвува дел од својата кариера одлучувајќи да волонтира како тренер на универзитетот Флорида стејт каде ќе се подготвува за Летните олимписки игри во Париз во 2024 година, кај нас големите пливачки „стручњаци“ гледаат само како да седнат во скутот на некој од политичарите во Македонија.

Овој проблем е буквално во секој спорт, но мизеријата наречена пливање е на едно повисоко ниво…

Се вчитува...