Бурна ноќ на Островот – Исак се огласи: „Доста е…“, па му возврати и Њукасл!

Бурна ноќ на Островот на релација Александар Исак и Њукасл.

Исак, кој е се уште цел на Ливерпул, се уште е и член на Њукасл но не е во составот на тимот и неговата судбина е се повеќе неизвесна. Токму поради се огласи самиот фудбалер преку социјалните мрежи.

„Горд сум што моите колеги професионалци ме признаа како член на тимот на Премиерлигата на ПФА за сезоната 2024/25. Прво на сите, сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и на сите во Њукасл Јунајтед кои ме поддржуваа на овој пат“ – напиша Исак и продолжува:

„ Долго време молчев додека другите зборуваа. Тоа молчење им овозможи на луѓето да ја туркаат својата верзија на настаните, иако знаат дека не го одразува она што навистина беше кажано и договорено зад затворени врати. Реалноста е дека ветувањата се дадени и дека клубот го знае мојот став долго време. Да се однесувам сега како овие проблеми да не постојат е погрешно. Кога ветувањата се прекршени и довербата е изгубена, врската не може да продолжи. Така стојат работите за мене во моментов – и затоа промената е во најдобар интерес на сите, не само за мене“.

Веднаш по неговото соопштение, се огласи и Њукасл.

„Разочарани сме што бевме информирани за објавата на Александар Исак на социјалните мрежи вечерва. Како одговор, јасно ставаме до знаење дека Алекс е сè уште под договор и дека клубот никогаш не презел никаква обврска“ – се вели во соопштението на Њукасл.

Се вчитува...