Бурно на кошаркарските терени во Македонија: Навивачи нападнале играчи во Тетово, вечно дерби со топки снег

Деветнаесеттиот билтен на кошаркарската федерација на Македонија покрај стандардните технички грешки забележа и сериозни казни за неспортски инциденти во Втората и Третата лига. Имено, бурно било во Тетово каде натпреварот помеѓу Тетекс и Охрид заврши со празнење на салата откако навивачи се обиделе физички да се пресметаат со кошаркарите на гостинскиот состав.

За среќа брзата интервенција на полициските службеници спречила поголем инцидент, но не спречи казна од 16 илјади денари и забрана за публика на еден натпревар на домашен терен за тетовски тим.

„Во 4/4 настанала мешаница пред клупата на КК Охрид каде се разменувале недолични зборови и провокации, при што биле досудени и 2 Т.Г., во истиот момент неколку гледачи од навивачката група Војводи се симнале на теренот и се упатиле кон гостинските играчи, но со брза интервенција на полициските службеници и дел од домашните играчи бил спречен поголем инцидент. Делегатот и првиот судија Антовски Б. одлучиле да ја испразната салата и натпреварот да продолжи без публика. Натпреварот бил во прекин 20 мин. додека се празнела трибината“, стои во Билтенот на федерацијата.

„Трето полувреме“ имало на натпреварот од Третата лига помеѓу Дибра Иглс и Албес каде тренерот на гостинскиот состав е пријавен од страна на делегатот и судиите за некоректен, безобразен и нечовечки однос и доби забрана за вршење на должност во еден натпревар.

„Пријава до тренерот на КК Албес Фитим К. од страна на делегатот и судиите на натпреварот поради некоректен, безобразен и нечовечки однос, настап со висок тон по завршување на натпреварот упатувајќи погрдни зборови и пцовки кон судиите и делегатот на натпреварот. Поднесена е жалба од страна на гостинската екипа со потпис на капитенот во записникот и доставена до делегатот“

А, вечното дерби конечно доби и навивачи шарм, но поради истиот Работнички кој се мачи со финансики проблеми ќе мора да „искрешира“ 42 илјади денари поради мавање со снег, петарди и неспортско навивање, додека МЗТ Скопје е казнет со 8 илјади денари за навивањето на најверните.

„Пред почетокот на натпреварот (6 мин.), од страна на навивачката група на КК Работнички фрлени неколку топки со снег во правец на навивачката група на КК МЗТ Скопје А., кои дел од нив паднале на теренот што предизвикале пролонгирање на почетокот на натпреварот од 5 мин. за да се исчисти теренот.Од страна на навивачката група на КК Работнички фрлен упаљач на теренот, во делот каде биле сместени навивачите на КК Работнички фрлена петарда со појака јачина. Во неколку наврати навредливо скандирање на двете навивачки групи намементо на спротивната страна“

Казна од 24 илјади денари доби и Еуро Никел откако метална паричка фрлена од трибините го погодила судијата Давитков по нога на мечот против Кожув.

„Судијата Давидов А. погоден со метална паричка во нога. Публиката опомената преку разглас“

Се вчитува...