Бутел е кадетски првак на Македонија во ракомет

Бутел е кадетски првак на Македонија во ракомет откако скопскиот клуб славеше на фајналфор завршницата што денеска се одржа во Охрид.

Откако во полуфиналето беа подобри од домаќинот Охрид, „бутелци“ вечерва во супердраматично финале славеа над Алкалоид со 22-20, искачувајќи се на тронот во оваа возрасна категорија.

Од самиот почеток стана јасно дека финалето ќе донесе далеку помалку голови од ефикасните полуфинални пресметки, откако на полувреме се замина со водство на Алкалоид од 9-11. Бутел се врати и за момент поведе, но следеше нов период на подобра игра на Алкалоид, кој во последните десет минути влезе со предност од 15-18.

На четири минути до крајот Алкалоид водеше со 18-20, но Бутел одигра одлично во одбраната, имаше и извонредна голманска интервенција при 20-21, за конечен триумф и огромна радост на младите ракометари на оваа екипа.

Се вчитува...