Потсетувајќи за разни моменти во богатата кариера, Чаби Алонсо го истакна и оној кој го смета за најтежок на кој се сеќава.
Стануваа збор за фамозниот натпревар на „Ноу Камп“ во кој Барселона на Пеп Гвардиола го декласираше Реал Мадрид на Жозе Мурињо со 5-0.
„Тоа беше најлошата ноќ која сум ја доживеал на терен. По 20 минути сакав да го напуштам теренот и да си одам дома. Сакав само да се истуширам и да си одам, тоа беше така болно…“ – се потсетува Шпанецот, притоа дополнувајќи:
„Но, тоа и ни донесе одлучност за наредната сезона. Знаевме дека противниците редовно ќе не ‘убиваат’ ако бидеме фини на терен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА