Чачиќ: Динамо научи добра лекција пред дуелот со Шкупи

Шкупи го доби Динамо Загреб за противник во првиот меч од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите, двобој закажан за вторник на „Максимир“.

Македонскиот првак имаше можност да го анализира хрватскиот првак на отворањето на новата сезона на Првата хрватска лига во која Динамо ја совлада Локомотива со 3-2, иако по 22 минути имаше негатива од два разлика.

Тренерот на тимот од Загреб, Анте Чачиќ беше лут на „ефтино“ примените голови и вели дека тоа не е дозволиво во Европа.

„Видовме дека и на овој натпревар не постои ниту еден лесен меч или противник. Важно е да бидеме фокусирани и да не примаме евтини голови затоа што тоа може скапо да не чини во Европа. Веќе знаеме дека Шкупи беше апсолутно доминантен во македонскиот шампионат, а еден таков клуб нема да ни прости лоша одбрана … Убаво е што имаше преку 4000 гледачи на трибините, тоа беше поттик иако губевме. Беа со нас и им благодарам на тоа“, изјави Чачиќ.

Чачиќ уште во 25. минута одлучи да направи замена, од игра го извади Бочкај и го внесе Дрмиќ кој возврати со два гола.

„По негативата од 0-2, не сакав да чекам полувреме. Одлучив веднаш да го ставам во игра и тој даде два гола“, изјави тренерот на хрватскиот шампион.

Се вчитува...