Чаневски одличен во победата на неговиот Макаби Ришон

Македонскиот ракометен интернационалец Градимир Чаневски продолжува со одличните партии во дресот на својот Макаби Ришон во израелскиот шампионат.

Макаби Ришон на домашен терен славеше против Аса Тел Авив со 31-25, а еден од најзаслужните за оваа победа беше токму македонскиот голман. Чаневски имаше неверојатни 20 одбрани и тоа со педесет отсто успешност.

За Чаневски и Макаби Ришон Ле Зион до крајот на есенскиот дел од сезоната останува уште средбата против Макаби Тел Авив која на програмата е на 27. декември.

Се вчитува...