Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе Рибеиро е нов член на Каират. По спогодбениот раскин на договорот со македонскиот првак Вардар тој ја прифати понудата на клубот од Казахстан и потпиша едногодишен договор, со можност на продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.
Фелипе од доаѓањето во Вардар во 2015 година се наметна како главен креатор на играта на „црвено-црните“ и играта на шампионот стана зависна од неговите асистенции и голови од слободен удар. Тој беше убедливо најдобриот играч во тимот на Чедомир Јаневски и во македонското првенство и на настапите во Лигата на Европа. Негов следен чекор во кариерата ќе биде Каират, кој во новиот шампионат на Казахстан ќе се бори за шампионската титула со Астана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА