Чави: Да го оставиме Меси на мир, сам нека одлучи каде ќе оди

Тренерот на Барселона, Чави зборуваше за можноста Меси да се врати на „Ноу Камп“. Тој кажа дека Аргентинецот е добродојден назад, и дека сака да се најде во неговиот тим, но порача да се остави фудбалерот на мира да одлучи што ќе прави понатаму.

Чави исто така зборуваше и за можноста Кимих, Гундоган, Караско и Кансело да го засилат тимот на „Каталонците“.

„Вратата за Меси е секогаш отворена тука за него, и тоа сум го кажал неколку пати. Но, на крајот мислам дека треба да го оставиме малку на мира. Ја завршува сезоната со ПСЖ, да го заврши сето тоа на најдобар можен начин, а потоа самиот да одлучи и да каже каде ќе ја продолжи и веројатно ќе ја заврши кариерата. Ми кажа дека одлука ќе донесе идната недела и треба да го почитуваме тоа. На крајот што да и да зборуваме за Меси, нема ништо ново. Тој самиот ќе одлучи за својата иднина, а вратите тука ќе му бидат отворени“, кажа Чави.

За Кимих призна дека има интерес, но…

„Да, го сакаме Кимих, но не би зборувал за тоа да не ми се налутат клубовите, како што спортскиот директор на Реал Сосеидад ми се налути кога кажав добри зборови за Мартин Зубименди. Ако ме прашуваш за него, тој е топ играч, и игра фантастично. За него и за Гундоган можам да кажам дека е проблематично што имаат договор. Не е спорно дека двајцата би дошле во Барселона, но проблем е договорот. Единствно што можам да кажам е дека секој играч сака да игра во Барселона“, изјави Чави кој надополни дека напаѓач сега не е приоритет на тимот, туку офанзивен играч од средниот ред и десен бек.

Се вчитува...