Чави: Меси другата недела ќе ја донесе одлуката, ние сакаме да дојде кај нас

Веќе долго време се зборува во фудбалската јавност за враќање на Лионел Меси во Барселона ова лето.

И тренерот на каталонскиот тим и поранешен соиграч на Аргентинецот, Чави не крие дека сака во своите редови да го види еден од најдобрите светски фудбалери.

„Лео Меси својата одлука ќе ја донесе следната недела, но секако сакам да дојде кај нас. Тој знае дека сме подготвени да го пречекаме, ништо не се сменило и имаме своја шанса. Го сакам Лео тука, а тој нека одлучи. Јас сум подготвен да го вклучам во системот“ – вели Чави во изјава за „Мундо Депортиво“.

Се вчитува...