Чави, Покетино, Куман, Мартинез – долга е листата кандидати за местото на Сетиен

Позицијата на Кике Сетиен на клупата на Барселона е сериозно разнишана со оглед дека клубот загуби шест бода на шест натпревари од ре-стартот на сезоната. Со ова, Барса е на четири поени негатива во однос на големиот ривал, Реал Мадрид и е речиси невозможно да ја одбрани титулата.

Покрај ова, проблеми за Сетиен има и зад сцената и се поинтензивни се тврдењата дека играчите се крајно незадоволни од тренерот. Наводно имало и инцидент во соблекувалната по ремито (2-2) со Селта. Лео Меси очигледно го игнорираше помошникот на Сетиен, Едер Сарабија на тој натпревар. Чудна е и ситуацијата со Антоан Гризман.

Шпанските медиуми тврдат дека клубот сака да се ослободи од Кике Сетиен во обид да ја спаси сезоната во Лигата на шампионите. Затоа веќе е направен списокот на кандидати за негов наследник. Според познавачите во Шпанија, најголеми шанси за преземање на тренерското место има легендата на Барселона, Чави. На листата е и белгискиот селектор од клупата на Евертон, Роберто Мартинез.

Барселона размислува и за Маурисио Покетино кој во моментов е без ангажман, но со оглед на неговиот анимозитет кон „Камп Ноу“, шансите да ја преземе клупата се релативно мали. Во игра е и Роналд Куман како и тренерот на Барселона Б, Хавиер Гарсија Пимиента, а реални шанси има и тренерот на Ривер Плата, Марсело Гаљардо, кој беше кандидат за позицијата и пред Ернесто Валверде.

 

Се вчитува...