Чеде Јаневски ќе биде дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски ќе биде дел од стручниот штаб на фудбалската репрезенација на Јужна Африка. Тој таму ќе му биде помошник на селекторот Хуго Брос.

Јаневски во моментов е на клупата на кипарскиот Олимпијакос Никозија со кој бележи одлични резултати сезонава. Јаневски беше селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од 2012 до 2013 година, а ќе остане запишан со златни бувки во историјата на македонскиот фудбал бидејќи го водеше тимот на Вардар кој прв запиша историја со пласманот во групната фаза во Лигата на Европа во 2017 година.

 

Се вчитува...