Челси е ривалот на Манчестер јунајтед во финалето од ФА Купот

Челси е екипата што ќе се сретне со Манчестер јунајтед во големото финале од англискиот ФА Куп, откако лондонскиот клуб попладнево го доби второто полуфинале против Саутемптон со резултат 2-0.

Фаворитската улога беше оправдана, Челси беше подобар тим на теренот, Вилијан во првото полувреме ја погоди гредата, а двата погодоци беа постигнати во вторите 45 минути. Оној првиот беше мало ремек-дело на Оливие Жиру, откако Французинот тргна во соло-продор, легна на земја четири противнички играчи плус голманот, пред да ја смести топката во мрежата.

Саутемптон не искористи неколку убави шанси за израмнување, за потоа конечните 2-0 да ги постави Алваро Мората со прецизен удар со глава.

Се вчитува...