Челси го одбра новиот тренер: Шпанецот ќе го решава „хаосот“ на Стемфорд Бриџ

Нов тренер ќе седне на клупата на Челси за следната сезона. Не успеаја со Енцо Мареска, ниту со Лиам Розениор, а сега „сините“ се во потрага на нов менаџер кој ќе треба да го врати тимот на шампионските патеки.

Според англиските медиуми, Чаби Алонсо е водечки кандидат за функцијата менаџер на светскиот првак.

Клубот наводно веќе го контактирал поранешниот тренер на Реал Мадрид и Баер Леверкузен, а самиот Шпанец е веќе заинтересиран да се пресели во Премиерлигата.

Освен Алонсо, каднидати за клупата на Челси се Марко Силва, Андони Ираола, Оливер Гласнер како и Филипе ЛЧуис.

Се вчитува...