Челси го враќа Џексон, но не му верува: Трга по потпис на „новиот Ѓекереш“

Челси го стопираше трансферот на Николас Џексон во Баерн Минхен по повредата на Лијам Делап, а и покрај тоа што сенегалскиот напаѓач ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“, тренерот Енцо Мареска не верува во неговите квалитети.

Повредата на Делап го примора англискиот премиерлигаш да се врати на трансфермаркетот, а неговата замена е најдена во редовите на Спортинг.

Станува збор за Конрад Хардер кој минатата сезона настапуваше како замена за Виктор Ѓекереш. Очекувањата беа дека овој 20-годишник во новата сезона ќе доби сигурно место во првиот тим, но и самиот предизика голем интерес од клубови од топ пет првенствата.

Хардер беше мета на Милан, како и на Лајпциг, но интересот на Челси може да промени кога станува збор прашањето за неговата иднина.

Се вчитува...