Челси и Лестер се вклучуваат во трката за потпис на Лука Јовиќ

Премиерлигашите Челси и Лестер се вклучуваат во трката за потписот на српскиот интернационалец Лука Јовиќ, пренесуваат шпанските медиуми.

Судбината на Србинот во Реал Мадрид и понатаму е неизвесна, а за неговиот потпис се заинтересирани и Милан и Јувентус. Јовиќ минатото лето стигна на „Сантијаго Бернабеу“ од редовите на Ајнтрахт Франкфурт за сум од 60 милиони евра.

Јовиќ во моментов се наоѓа во карантин бидејќи другар кој бил позитивен на коронавирус бил гостин во неговиот дом.

Се вчитува...