Челси и Манчестер Јунајтед ќе влезат во битка за Јан облак

Атлетико Мадрид ќе ја бара полната сума од 120 милиони фунти обештетување за Јан Облак за кога интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Челси. Облак не е до крај задоволен во Атлетико и бара поголем и поамбициозен предизвик како Премиер-лигата. 27-годишниот чувар на мрежата кој според многумина е меѓу тројцата најдобри голмани во светот наводно бил незадоволен од некои одлуки на спортскиот директор на клубот Андреа Берта.

Интересот на Челси е веќе познат, но се верува дека и Манчестер Јунајтед ќе го оживее интересот за него со оглед на падот на формата на Давид де Хеа. Јунајтед го има и Дин Хендерсон, но за него уште има дилеми дали има доволно искуство за да биде број еден во тимот. Друг проблем на Јунајтед е што тешко може да најде каде да го продаде Де Хеа со оглед на платата од 360 000 илјади фунти неделно.

Челси сака нов голман и покрај тоа што Кепа Аризабалага чиј трансфер вредеше 71 милион фунти ќе остане и ќе се бори за местото на голот. Ателтико пак мора да го задржи образот пред навивачите чиј миленик е Облак. Клубот ако веќе го продава ќе мора да има добро алиби во високата цена. Облак пак вели дека ќе ги проценува можностите за освојување титули на клубовите заинтересирани за него.

 

Се вчитува...