Челси имаше „30 милиони причини“ за радост по освоениот трофеј на Реал Мадрид

Се радуваше и Реал Мадрид, но се радува и Челси. Лондонскиот тим добро ќе заработи од освоениот трофеј во Лигата на шампионите на „кралевите“, а причината се Еден Азар и Тибо Куртоа.

Двајцата играчи кои од лондонскиот тим заминаа во Реал, имаа клаузула во договорите при освоен трофеј во ЛШ, да инкасира и Челси. Така Реал Мадрид треба да му плати на Челси 20 милиони евра за Азар, и 10 милиони за Куртоа. Исто така претходно Реал му исплати на лондонскиот тим и 10 милиони за освоена Ла Лига за Азар, додека кај Куртоа немаше таква клаузула. Од овие двајца само оваа сезона лондонските „сини“ ќе заработат 40 милиони евра.

Куртоа вчера беше човек на одлука и практично човек на натпреварот, додека Азар не влезе ниту минута.

Се вчитува...