Челси ќе се офајди од титулата на Реал Мадрид

Од придонесот на Еден Азар за титулата на Реал Мадрид во Ла Лига бенефит ќе има и Челси. Белгиецот во Мадрид дојде минатото лето за трансфер вреден 100 милиони евра, но во договорот меѓу двата клуба има и клаузули за дополнителни исплати на сметката на тимот од западен Лондон во случај Реал Мадрид да ја освои титулата во Шпанија и ако обезбеди место во Лигата на шампионите.

Добивката на Челси би била околу 18 милиони фунти. Многу веројатно, Челси ќе добие и дополнителна сума пари ако Реал Мадрид ја освои и титулата во Лигата на шампионите. Ако бидат исполнети сите услови од дополнителните клаузули, лондонскиот тим би можел да профитира и до 130 милиони фунти. Сепак за ова Азар треба да има одиграно и одреден број натпревари и да има забележителен придонес од аспект на постигнати голови и асистенции.

Сезонава во Ла Лига, Азар одигра 16 натпревари, постигна еден гол и имаше шест асистенции. Во елитното натпреварување пак има пет средби. Реал има негатива од 2-1 во осминафиналниот двомеч од Лигата на шампионите со Манчестер сити, а реваншот треба да биде одигран на 7. август на „Итихад“.

 

 

 

Се вчитува...