Челси купува дефанзивец од Вилјареал

Менаџерот на Челси, Франк Лампард, се надева дека неговиот тим ќе ја добие битката за четвртата позиција во Премиер – лигата која води во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, а веќе има испланирано и дел од засилувањата кои треба да пристигнат на „Стемфорд бриџ“. Една од желбите на Лампард е дефанзивецот на шпанскиот прволигаш Вилјареал, Пау Торес.

Тој би требало да биде долгорочно решение за стоперските позиции на Челси, со оглед дека има 23 години и веќе има доволно искуство од настапите во Ла Лига. Тој се обврза на верност кон Вилјареал до 2024 година, но отштетната клаузула изнесува „само“ 45 милиони евра, што и не е така голем проблем за англискиот клуб. „Жолтата подморница“ веќе ја бара замената доколку замине Пау Торес, а како најсериозен кандидат е дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.

Се вчитува...