Челси лесно до следното коло во ФА купот

Челси крајно лесно си обезбеди пласман во 4. коло од ФА купот (1/16-финале) откако во третата рунда со убедливи 4-1 славеше против Питерборо.

Победникот на дуелот беше навестен уште во 18. минута со голот на Педро, за да на полувреме се замине со предност и од 2-0 по голот на Батшуаји во 45. минута.

Во второто полувреме за „сините“ погодија и Вилијан во 51. минута и повторно Педро во 75. минута, а почесниот гол за Питерборо го постигна Николс во 70. минута.

Chelsea vs Peterborough 4-1 All Goals and… by giorgio-palamaru

Во следната рунда натпревари од ФА купот се пласираше и Мидлсборо по триумфот од 3-0 против Шефилд Венсдеј.

Се вчитува...