Челси лесно против фенерџијата Барнли (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси дојдоа и до третата победа сезона во седмото коло од Премиерлигата, славејќи убедливо со 0-3 на гостувањето против фенерџијата Барнли.

„Сините“ триумфот го најавија со голот на Зијех уште во 26. минута од средбата…

Во второто полувреме, за Челси погодија и Зоума и Вернер.


По овој триумф, тимот од Лондон со 12 бода се проби на четвртото место на табелата, само бод помалку од водечкиот Евертон.

 

Се вчитува...