Челси не се откажува од ЛШ, триумф над Кристал Палас на „Стемфорд бриџ“

Англискиот првак Челси нема така лесно да се откаже од трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Антонио Конте славеше со 2-1 на „Стемфорд бриџ“ против Кристал Палас и се доближи до четртопласираниот Тотенхем на два бода негатива.

Челси доминираше на овој натпревар и сосема заслужено стигна до победата. Вилијан го отвори резултатот во 25.минута, а седум минути подоцна Кели си постигна автогол.

Во вториот дел, Кристал Палас притисна и успеа да стигне до погодок преку Ван Анхолт во 90.минута. Сепак, бодовите му припаднаа на Челси.

Се вчитува...