Челси носи нов напаѓач од Вилјареал

Челси е пред реализација на уште еден трансфер откако вечерва беше обелоденето дека „сините“ ги финишираат преговорите за ангажман на Николас Џексон, 21-годишниот голгетер на шпански Вилјареал.

Навалната линија беше главен проблем на лондонскиот тим минатата сезона, па неслучајно новиот тренер Покетино инсистира на уште најмалку едно ново име по комплетираниот трансфер на Нкунку од Лајпциг. Изборот падна на Џексон, кој имаше добра сезона во Вилјареал, но и кој со оглед на младоста нема да инсистира на првотимски статус во дебитантската сезона во Премиер-лигата.

Овој фудбалер веќе ги договорил личните услови, а во прилог на Челси му оди и фактот дека Џексон во договорот има клаузула од 35 милиони евра, поради што премиерлигашот нема да мора да губи време на преговори со Вилјареал, туку веднаш може да го комплетира трансферот на Сенегалецот, кој минатата сезона постигна 13 погодоци за „жолтата подморница“.

Се вчитува...