Челси во голем стил стигна до првата премиерлигашка победа од новата сезона откако на гостински терен го декласираше Вест Хем со 1-5. „Сините“ во првото коло разочараа играјќи 0-0 против Кристал Палас, но затоа вечерва одиграа перфектен дуел, полнејќи ја до врв мрежата на лондонскиот ривал кој е предводен од екс-тренерот на Челси, Грем Потер.
А мечот почна катастрофално за Енцо Мареска, најпрвин најдобриот фудбалер Кол Палмер се повреда при загревањето и не можеше да игра, а потоа на самиот старт Вест Хем поведе преку Пакета.
Челси имаше одговор преку Жоао Педро, Бразилецот најпрвин израмни на 1-1, а нешто подоцна и му асистираше на Нето при погодокот за 1-2. Вест Хем беше во нокдаун, а „сините“ го искористија тоа за да продолжат да доминираат, најпрвин преку Енцо Фернандез зголемија на 1-3, а во второто полувреме меѓу стрелците се запишаа и Каиседо и Шалоба.
Вест Хем катастрофално ја почна сезоната, со два пораза и осум примени гола, па не зачудува што Грем Потер по само две рунди е многу блиску до отказ од менаџерската функција во овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

