Челси со Хрват ќе ја спасува сезоната?

Повредата на Бен Чилвел кој ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната ги промора „сините“ да ангажираат нов фудбалер на левата бековска позиција. Како опција се споменуваа неколку играчи, но изгледа дека изборот падна на Борна Соса, пренесуваат англиските медиуми.

Хрватскиот интернационалец кој е дел од Штутгарт оваа сезона настапи на 16 натпревари во Бундеслигата во кои стигна до три асистенции и еден гол, а профилот на 24-годишниот потполно се поклопува со желбите на актуелниот шампион на Европа.

Соса кој потекнува од младинската школа на Динамо Загреб има договор со германскиот клуб до 2025 година па за неговите услуги тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе треба да издвои околку 25 милиони евра.

Се вчитува...