Челси со првото засилување: Вратен од позајмица Нејтан Аке

Челси потврди денеска дека е одлучено на „Стемфорд бриџ“ да се врати младиот Нејтан Аке.

Аке во првиот дел од сезоната беше на позајмица во Бурнемаут каде одигра одлични партии. Со своите партии го натера Антонио Конте да го врати на „Стемфорд“. Младиот Холанѓанец со своите игри ја воодушеви англиската јавност, која го споредува со легендарниот Руд Гулит, иако 21-годишниот Аке игра во дефанзивата.

Конте верува дека во продолжението од шампионатот одлично ќе се вклопи во неговиот систем 3-4-3…

Холандскиот фудбалер во дресот на Бурнемаут одигра 12 натпревари притоа постигнувајќи и три гола. Беше херој на оваа екипа пред неколку недели кога го постигна победоносниот гол против Ливерпул.

Се вчитува...