Червар не може да преболи што Хрватите избраа странец: Јас да бев…

Лино Червар мина десетина години во македонскиот ракомет, краток период беше и селектор на нашиот национален тим, но на искусниот хрватски стратег му пречи што во неговата земја беше доведен странец за селектор на репрезентацијата.

Исланѓанецот Дагур Сигурдсон експресно ги доби симпатиите на  јавноста откако ги одведе Хрватите до билет за ОИ во Париз, но еден од малкумината кои не го одобруваат неговото доаѓање е токму Червар. Сигурдсон дојде во Хрватска откако претходно работеше ако селектор на Јапонија, а Червар смета дека резултатите на овој стратег со азиската репрезентација не се доволна препорака за тој да дојде на чело на „коцкестите“.

„За мене Сигурдсон не е никаква конкуренција бидејќи клупата на репрезентациајта воопшто не ме интересира. Сепак, не сум импресиониран од неговата работа. Тој беше селектор на Јапонија без посериозни резултати. Јас да бев селектор на оваа азиска селекција, во нормални околности ќе се борев за олимписко злато“, изјави Червар во разговор за „Спорт клуб“.

Се вчитува...