Чешка е втор квалификациски предизвик за најдобрите македонски ракометарки

Македонската женска ракометна репрезентација, денеска од 18 часот во арената „Борис Трајковски“ ќе се соочи со вториот ривал од квалификациската група за пласман на Европското првенство во 2020 година. Селекцијата на Чешка гостува во Скопје.

За разлика од нашиот тим, Чехинките со победа влегоа во квалфикациите, ја совладаа Португалија со 31-20 во стартната рунда од групата 5. Македонскиот состав тргна со очекуваниот неуспех на гостувањето кај Шведска.

Со репрезентацијата на Чешка, македонската женска ракометна репрезентација има одиграно само еден натпревар и тоа од пријалетски карактер. Средбата која нашиот тим ја загуби со 10 гола разлика (22-32) беше одиграна во 2012 година.

Влезот за натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и на Чешка е бесплатен. Во нашата конкуренција, Португалија денеска ја пречекува Шведска.

Се вчитува...