Европа на големо се подготвува за престојниот Евробаскет кој започнува на 1. септември. На него ќе настапат најдобрите играчи од државите учесници, но лоши вести доаѓаат од Чешка која може да остане без услугите на Томас Саторански кој заработи повреда на пријателскиот натпревар против Германија.
Новиот кошаркар на Барселона го повреди скочниот зглоб, а и покрај тоа што првите прегледи велат дека нема фрактура, допрва следи магнетната резонанца по која ќе биде позната сериозноста на повредата. Со оглед на тоа што до почетокот има само 10 дена, постои можност 30-годишникот да нема доволно време за рехабилитација пред почетокот на континенталниот собир.
Саторански заедно со Јан Весели се очекуваше да биде предводник на чешката репрезентација која го групата „Д“ силите ќе си ги одмери со Србија, Полска, Финска, Израел и Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА