Играч се претвори во голман и ја исфрли Џирона и Миовски од Купот (ВИДЕО)

Необичен натпревар во шпанскиот Куп, со кој Џирона на Бојан Миовски е во аут од натпреварувањето. Актуелниот учесник во ЛШ е елиминиран во 1/32 финалето од Логронес, четвртолигаш на Шпанија. Џирона на крајот беше поразен по изведувањето на пеналите.

Но, необичниот момент е тоа што на голот на четвртолигашопт застана играч. Станува збор за Пол Арнау кој ја сочува мрежата во последните 20 минути, а потоа одбрани и пенал во серијата ос кој неговито тим се пласираше во следнат афаза.

Арнау има само 20 години, и ова беше негово деби во екипата. Го почна мечот како лев бек, а потоа ги облече ракавиците, бидејќи голманот Кике Ројо се повреди, а тимот ги имаше направено сите замени.

Пол Арнау го одбрани ударот на Абел Руеиз, а потоа Кристијан Стуани ја погоди стативата, и домаќините на крајот се радуваа на победата.

Се вчитува...