Чешка си обезбеди битка со Србија за 5. место на СП

Селекцијата на Чешка славеше над Полска со резултат 94-84, со што Чесите си обезбедија пласман меѓу најдобрите шест селекции во светот, а в сабота ќе водат битка за петтото место со репрезентацијата на Србија. Иако конечниот резултат делува убедливо, мора да се истакне дека Полска парираше до самиот крај, но Чесите успеаја да се одлепат резултатски во последните неколку минути.

Подобриот крај на првото полувреме овозможи Чешка да замине на одмор со предност од 43-35, но полските кошаркари веќе на самиот почеток од вториот дел успеаја да се вратат. Полјаците имаа и предност од 79-78 во последниот период, но Чесите влегоа во фуриозна серија во нападот, направија пресврт и триумфираа со конечни десет поени разлика.

Хрубан беше изненадувањето во чешкиот табор со 24 поени и 12 скокови, Саторански оствари дабл-дабл од 22 поени и 12 асистенции, а Бохачик го заврши мечот со 21 поен.

Се вчитува...