Чесите му се „тресат“ на капитенот: Има 40, ама главен е

„Восхитувачки е што направи во текот на кариерата“ – вака почнува интервјуто на чешкиот репрезентативец Мирослав Јурка посветено на дуелот Македонија -Чешка во кое сепак најмногу се зборува на Кирил Лазаров. Јурка две години беше дел од францускиот Сан рафаел и има и клупски пресметки против нашиот капитен.

Чесите се свесни дека главната алка во нашиот национален состав е Лазаров. Го гледале крајот од пресметката со Украина и дури велат оти не им е јасно како украинците воопшто и му дозволиле да шутира кога на сите им е јасно дека тој ќе ја преземе одговорноста.

„Целиот концепт во нападот зависи од Лазаров. Тој има неверојатни додавања. Може да пронајде секого. Може да направи се. Мора постојано да внимаваме на него. Дополнително е проблем што, ако тргнеш на него, тој го пронаоѓа Стоилов и тоа секогаш им функционира. Ќе видиме какви решенија ќе смислат тренерите“ – вели Јурка.

На Чесите не им е драго што се повтороно во конкуренција со нашата репрезентација. Македонија е најчестиот ривал на чешките ракометари во последнава декада. Велат дека нашата репрезентација им „должи“ и оти ќе направат се за победа.

За Чешка денешниот натпревар е пресуден со оглед дека имаат пораз во првото коло од Австрија, за нашиот тим може да биде клучен искечор кон главната фаза.

 

 

Се вчитува...