„Четири деца од Македонија играа фудбал со Златан Ибрахимовиќ, тоа беше делириум…“ (ВИДЕО)

Гостинка во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ беше претседателката на Федерацијата на училишен спорт во Македонија, Елена Мицковска, личност која во 2026 година остава силна трага како носечка фигура во организација на Светското училишно првенство во Македонија и првите Плазма Спортски игри во Македонија.

Меѓу бројните теми на разговор со првата жена која е претседател на Федерацијата на училишен спорт во Македонија, неизбежно и за Меѓународната завршница на Плазма Спортските игри кои се одржаа во Сплит, Хрватска, а од која дел беше и Македонија.

Мицковски, без размислување, потенцира дека тоа доживување оставило силна трага воодушевување кај сите наши дечиња кои имаа можност и да се дружат со најголемите спортски ѕвезди од овие простори.

„Ако ги прашате децата кој беше најголемата ѕвезда на оваа меѓународна завршница, се разбира ќе ви кажат Златан Ибрахимовиќ, кој што ги украде сите воздишки и моменти, особено на она меѓународно последно натпреварување, каде што ѕвездите и промоторите на спортот, или како што тие велат најголемите амбасадори на спортот, имаат ревијален натпревар со дел од учесниците на големата меѓународна завршница“ – вели Мицковска во „ПРЕСИНГ“ и дополнува:

„Ние имавме привилегија да четири ученици од Македонија, три момчиња и едно девојче, бидат дел од тој натпревар. Беше, верувајте, делириум, не само на терените, беше делириум и на трибините со такво воодушевување, со таква една посебна емоција која што морате да ја доживеете. Морате да бидете дел од еден таков голем настан за да може да почувствувате за каква една преубава енергија, каква мотивација, каква инспирација е еден таков настан за овие идни генерации кои што верувам дека после оваа завршница ќе продолжат да сонуваат, ќе продолжат да вложуваат во себе, ќе продолжат да работат за да можат еден ден да бидат новиот, се разбира, Златан Ибрахимовиќ, Лука Модриќ, Александар Чеферин, Дарио Срна, Жељко Обрадовиќ, и така натаму“.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ЕЛЕНА МИЦКОВСКА ТУКА…

Се вчитува...