Четири нови фудбалери во Шкупи

Екипата на Шкупи денеска ги претстави четирите најнови засилувања, со кои прволигашот од Чаир ќе се натпреварува во втората фаза од елитното фудбалско друштво во нашата земја. Станува збор за Бурхан Мустафа, Фатих Исмаили, Бунјамин Шабани и Седат Бериша, кои сигурно ќе бидат од голема помош на тренерот Ардијан Нухиу во обидот Шкупи да оствари уште подобар пласман во вториот дел од сезоната.

Најголемо од четирите засилувања се очекува да биде дефанзивецот Бериша, кој доаѓа од редовите на Ал Џахран од Кувајт.

Имав бројни понуди, но го избрав токму Шкупи пред се поради инсистирањето на тренерот Нухиу. Им благодарам на сите за укажаната доверба, верувам дека ќе им се оддолжам со добри игри на теренот“ – изјави Бериша за клупската веб-страница на Шкупи.

Се вчитува...