Чилеанскиот тенисер Николас Џари се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим откако со пресврт го победи осмиот светски тенисер Гркот Стефанос Циципас со 6-3, 5-7 и 4-6.
Џари, кој е на 24. место на АТП листата, до победата дојде по два часа и 42 минути игра.
Чилеанецот сега во полуфиналето ќе игра против Американецот Томи Пол, кој претходно го победи деветтиот светски тенисер, Полјакот Хуберт Хуркач со 7-5, 3-6 и 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА