Чилиќ и Рублев заминуваат во самоизолација

Марин Чилиќ и Андреј Рублев беа негативни на тестовите за коронавирус, но сепак одлучија да заминат во самоизолација во следните 14 дена, поради тоа што позитивни на вирусот се Григор Димитров и Борна Чориќ кои беа дел од „Адрија тур“ во Задар.

„По синоќешниот развој на случувањата во Задар сакам даве известам дека во најкраток можен рок направив тест за Ковид-19 и дека тој е негативен. Иако немам никакви симптоми поврзани со вирусот и верувам дека сите што беа со мене во контакт немаат причина да бидат загрижени, ќе заминам во самоизолација на 14 дена, бидејќи и покрај негативниот тест важно е сите да помогнеме да се намали можноста за евентуелно ширење на заразата“, порача Чилиќ. 

Рублев исто така потврди дека не е позитивен на Ковид-19.

„Сакам на сите да ви кажам дека сум добро и дека сум здрав. Бев негативен на Ковид-19. Се надевам дека нашиот живот наскоро ќе се врати во нормала и сето ова ќе го пребродиме заедно“, напиша Рублев. 

Се вчитува...