Чиро Блажевиќ бесен: Селектори треба да се Шукер и Мамиќ

Легендарниот хрватски стратег Мирослав „Чиро“ Блажевиќ, жестоко ги нападна Давор Шукер и Здравко Мамиќ, посочувајќи ги како главни виновници за кризата во хрватската репрезентација. Откако Чачиќ беше сменет, а на негово место за нов селектор именуван е Златко Далиќ, Блажевиќ отворено посочи каде ја гледа вината за големата криза на „коцкестите“.

Воедно, тој ги поддржа честите пишувања на новинарите дека Шукер како претседател на федерацијата и Мамиќ како „сива еминенција“ раководат со националниот тим.

Јас ја имав најдобрата солуција за селектор – поточно двајца. Требаше Мамиќ да ја земе репрезентацијата заедно со Шукер и да ја довршат работата што досега ја правеа. Да стават круна на својата генијална работа во овие квалификации. Па луѓе мои, јас викав „напомош“ од првиот ден кога Мамиќ го избра Чачиќ за селектор. Зошто сега барем целосно не преземат одговорност, па самите да се селектори? А го сменија најдобриот, тоа е Игор Штимац, со него ние веќе ќе бевме пласирани на СП“ – изјави Блажевиќ за „Спортске новости“.

Се вчитува...