Реал Мадрид ќе направи големи промени на лето. „Кралскиот клуб“ ќе се ослободи сигурно од седум играчи кои ќе се најдат на трансфер листата.
Шпанскиот медиум „Ас“ изјави дека станува збор за Рафаел Варан, Лука Јовиќ, Марсело, Иско, Маријано Дијаз, Одриозола и Себалјос. „Кралевите“ очекуваат да заработат над 200 милиони евра од овие играчи, но прашање е дали Флорентино Перез ќе ја собере оваа сума со оглед на фактот дека за дел од фудбалерите на трансфер-листата не се искажува посериозен интерес на пазарот. Највреден од сите се очекува да биде Варан, кој би можел да биде продаден за 50 милиони евра откако интерес за францускиот дефанзивец покажаа Челси и Манчестер Јунајтед.
Вистинска енигма е секако Јовиќ, чиј трансфер беше платен 60 милиони евра, но се покажа како промашена инвестиција. Србинот ретко добиваше шанса од Зидан, па замина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, но и таму повеќе време минува на клупата отколку на теренот. Тој ќе се врати во Мадрид на крајот од сезоната, но очигледно ќе остане многу краток преиод. Сепак, тој неодамна изјави дека верува дека ќе се врати во Мадрид на крајот на сезоната и дека ќе ја продолжи кариерата во Шпанија.
“Го сакам Ајнтрахт и тој е посебен клуб за мене од секој поглед, но секој знае дека официјално сум играч на Реал. Ќе се вратам во Мадрид на крајот на сезоната”, изјави Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА