Диего Симеоне повторно застана во одбрана на Хулијан Алварез и јасно стави до знаење дека Атлетико Мадрид мора да ги задржи своите најважни играчи доколку сака да се бори за трофеи.
Односот меѓу аргентинскиот напаѓач и навивачите на Атлетико не е идеален, но тренерот на мадридскиот тим смета дека екипата сега мора да застане зад својот играч.
„Ако сакаме да освојуваме трофеи, мора да бидеме заедно. Го имаме Хулијан и мораме да го заштитиме. Се додека е тука јас сум со него до смрт“, изјави Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
