Човекот кој го нокаутираше Џошуа, експресно ќе остане без една од титулите

Енди Руиз изненадувачки го совлада Ентони Џошуа во борбата за титулите во тешка категорија, откако во седмата рунда успеа да го нокаутира. Со победата тој ги освои титулите во ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ, но најверојатно наскоро ќе остане без една од нив.

ИБФ ќе го повика Руиз, нивниот појас да го брани против предизвикувачот Кубрат Пулев, а бидејќи Мексиканецот го прифати реваншот против Џошуа, ќе мора да ја одбие шансата за одбрана на насловот, што ќе резултира со одземање на појасот.

„Реваншот ќе се случи на крајот на годината во Велика Британија. Џошуа има лавовско срце, тој ќе се врати. Ќе добие уште една шанса да го победи Руиз“, изјави агентотн на Џошуа, Еди Херн кој потврди дека ќе има реванш меѓу двајцата боксери. 

Се вчитува...