Чупиќ: Сакаме само победи и трофеи

Вардар обезбеди финале во СЕХА – лигата, а хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ истакнува дека тимот на Раул Гонзалес ја крева својата форма за финишот од сезоната. Амбициите се јасни, трофеј во ова натпреварување, но и вистински ритам за пресметката со Кил во Лигата на шампионите.

„Одигравме добар меч, обезбедивме навремено убедлива предност и заслужено стигнавме до победа. Но, не беше нималку лесно, тие се добар тим. Не е важно против кого ќе играме во финалето, ние одиме да го освоиме пехарот. Мислиме само на победи и на трофеи“, истакна Иван Чупиќ по триумфот над Мешков Брест.

Се вчитува...