Чурлинов и Шалке загубија во последната минута во неверојатен меч со седум гола против Ханза (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Дарко Чурлинов и неговиот Шалке 04 загубија на домашен терен од Ханза Рошток со 3-4 во најинтересниот натпревар од денешната програма во 25. коло во втората германска фудбалска лига.

Гостите дојдоа до водство со голот на Ингелсон во 25. минута. Осум минути подоцна домаќините израмнија со голот на Тероде. Во 40. преку Верхок Ханза повторно стигна до водство од 1-2, а до крајот на првиот дел со вториот гол на Тероде Шалке израмни на 2-2.

Во 56. минута гостите повторно стигнаа до водство преку Брејер. Тероде со својот трет гол повторно ги врати домаќините во егал во 83. минута, а кога се чекаше судијата да го означи крајот на натпреварот Фролинг во 96. минута ги постави конечните 3-4.

 

 

 

Се вчитува...