Чурлинов по три месеци се врати на терените, со победа за Барнли

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов по паузата од три месеци поради повреда се врати на фудбалските терени.

Чурлинов ги одигра последните минути, влегувајќи во игра во 89. минута од средбата, на мечот од 22. коло во Чемпионшиплигата на Англија на кој неговиот Барнли славеше со 0-3 на гостувањето против КПР.

Со оваа победа Барнли се врати на врвот од табелата во Чемпионшип. Барнли со 44 бода е на првото место пред Шефилд јунајтед кој е втор со 41 бод.

Се вчитува...