Чурлинов со повик во „А“ тимот – со 16 години најмлад репрезентативец во историјата на Македонија

По триумфот во Вадуз против Лихтенштајн од 0-3 во натпревар од 5. коло од квалификациите за СП 2018 во Русија, А репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за контролниот натпревар против Белорусија на 28. март (вторник) во 18 часот на Националната арена во Скопје.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски за пресметката против Белорусија во составот на Македонија го повика Дарко Чурлинов. Доколку добие шанса за настап против Белорусија фудбалерот на германски Келн ќе стане најмладиот репрезентативец во историјата на Македонија со само 16 години и осум месеци.

darko curlinov 2

Чурлинов вчера одигра одличен натпревар во дресот на селекцијата до 18 години која славеше со 3-1 против Летонија на турнирот „Четири нации“ во Рига.

Против Белорусија во комбинација за настап ќе биде и Езгијан Алиоски кој поради жолти картони немаше право на настап на натпреварот против Лихтенштајн.

По настапот за сениорската репрезентација во Вадуз, на репрезентативниот тим до 21 година се приклучуваат и шестте фудбалери кои беа на располагање на Игор Ангеловски, голманот Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бобан Николов, Давид Бабунски, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески.

Се вчитува...